X
 03.02.2016 Наука

Како светската популација пораснала во изминативе 2.000 години?

Тешко е да се процени тоа колку човештвото поминало во изминативе неколку векови, меѓутоа ова видео од WorldPopulationHistory.org сигурно помага. 

Инфографикот го покажува растењето на човештвото во изминативе 2.000 години. Преку војни, инвазии и болести можете да видете како човечката раса се`уште се бори, пред технолошкиот напредок во последните неколку години, кога населението масовно се зголемува.

На почетокот на видеото можете да видете популација од само 170 милиони луѓе - секоја жолта точка претставува ден милион луѓе во определен регион.

До 13 и 14 век, можете да забележите намалување на населението со монголската инвазија на Кина во која десетици милиони луѓе умираат во една од најкрвавите војни во историјата на светот.


Ова е брзо проследено со црната смрт која убива повеќе од 20 милиони луѓе во Европа и 75 милиони луѓе низ светот.

Но, откако човештвото поминува низ темните години, населението започнува да се зголемува благодарение на големите напредувања во современата медицина и индустриската револуција. Во само два векови светското население расте од 910 милиони на повеќе од 7.3 милијарди.


Она што е уште поимпресивно е интерактивната мапа на нивната веб страна

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука