X
 28.05.2018 Култура

Сопранот Елена Мошуц ќе го отвори, „Илијада“ ќе го затвори „Охридско лето“

Романската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори 58. издание на најголемиот фестивал во земјава - „Охридско лето“. Таа ќе настапи со тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, под раководство на диригентот Николае Молдовану. На фестивалот, кој традиционално ќе биде отворен на 12 јули и ќе трае 40 дена, ќе настапат повеќе од 800 уметници од 27 земји од светот.

Фестивалската програма денеска ја соопшти министерот за култура во заминување Роберт Алаѓозовски. Тој рече дека „Охридско лето“ е еден од главните брендови на македонската култура. Тој најави одлично издание на фестивалот, многу концерти и претстави.
- Концептот според кој се водевме беше да понудиме програма базирана на врвна класична музика и театар со голема естетика – рече Алаѓозовски.

Васо Ристов, селектор на музичката програма, ги најави годинашните гости, меѓу кои пијанистот Николај Лугански, Александар Књазев (чело), Сергеј Крилов (виолина), Александар Маџар (пијано) и други. Селектор на драмската програма е Александар Поповски. Ќе гостуваат театри од Србија, Хрватска, Словенија. Акцентот е ставен на „Илијада“ на Словенско народно гледалишче, Драма од Љубљана, Цанкарјев дом и Градски театар, со која ќе биде затворен фестивалот. Предвидена е целосна реконструкција на Долни Сарај со 1,4 милион денари кои ги обезбеди Министерството за култура.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура