X
 12.07.2024 Живот

Виолинистот Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вечерва ќе го отворат фестивалот Охридско лето

Вечерва се отвора 64. издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјава - фестивалот Охридско лето. 

Свеченото отворање годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин, кој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Од 12 јули до 20 август на отворените сцени, Антички театар, Долни сарај, предворје на „Св. Софија“, како и црквата „Св Софија“ и Центарот за култура, фестивалот ќе пречека над 500 уметници од 24 земји.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот