X
 28.06.2022 Живот

Дали е опасно користењето мобилен телефон при полнење гориво?

Во некои земји употребата на сите уреди што можат да предизвикаат искра, како што се мобилни телефони и други електронски уреди, е строго забранета при полнење гориво. При влегување на бензинска пумпа лесно се забележуваат предупредувачките знаци „Не користете го мобилниот телефон додека точите гориво“ или „Исклучете го мобилниот телефон“, но дали постои реална опасност? Дали може да дојде до експлозија?

- Ризикот е многу, многу низок - вели Мајкл Марандо, член на Националната асоцијација за заштита од пожари. Тој вели дека не знае кога почнале да се појавуваат предупредувањата или зошто почнале, консензусот е дека мобилниот телефон има доволно енергија за да создаде искра, а кога ќе се измеша со запалив бензин, може да предизвика пожар, што може да резултира со повреди опасни за живот.

Истражувачите ја тестирале теоријата повеќе пати за да видат дали урбаната легенда е факт. Сепак, резултатите покажале дека не постои опасност.

- Досега не успеавме да документираме инциденти предизвикани од мобилен телефон. Од серијалот „Митбастерс“ еднаш се обидоа да го направат тоа, но безуспешно, а теоријата беше осудена и од Федералната трговска комисија.

Иако при експериментите не се запали искра, Марандо рече дека тоа сепак донекаде е можно.

- Не можам да кажам дека не постои ризик бидејќи постои шанса да се случи тоа. Можеби една на милијарда. Само постојат многу фактори што треба да се усогласат, што го прави речиси невозможно - вели Марандо.

Она што може да биде опасно е седењето во автомобилот на бензинска пумпа.

- Ако влезете во возилото, седнете на вашето седиште, а потоа излезете од возилото и ја допрете млазинцата за гас, можете да создадете статичко полнење на себе. А тоа статичко полнење може да доведе до искра што може да предизвика палење - вели Марандо.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот