Исланд можеби е последниот откриен остаток од континент кој бил голем речиси колку Тексас, а кој се викал Исландија и потонал под Северниот Атлантик пред околу 10 милиони години, вели нова теорија изнесена од меѓународен тим на геофизичари и геолози.
Теоријата е во спротивност со долгогодишните идеи за формирањето на Исланд и Северен Атлантик, но истражувачите велат дека теоријата ги објаснува и геолошките карактеристики на океанското дно и причината зошто кората на Земјата под Исланд е многу подебела отколку што треба да биде.
Истражувачи што не се поврзани со истражувањето истакнале дека се скептични дека постоела Исландија врз основа на доказите собрани досега. Дури и ако е така, ако геолошките студии ја докажат теоријата, радикалната нова идеја за потонат континент би можела да има импликации за поседувањето горива најдени под морското дно, кои, според меѓународното право, припаѓаат на земја која може да покаже дека нејзината копнена кора се протега толку далеку.
- Регионот под кој има контиентален материјал се протегал од Гренланд до Скандинавија - вели Џилијан Фулгер, водечки автор на „Исландија“ и почесна професорка по геофизика на Универзитетот во Дарам, Велика Британија.
Таа додава дека дел од него на запад и исток потонал под површината на водата, но сè уште стои повисоко отколку што треба.
- Ако нивото на морето падне за 600 метри, тогаш би виделе многу повеќе земја над површината на океанот - вели тој.
Фулгер објаснува дека регионот на Северен Атлантик некогаш бил целосно сува земја која го сочинувала суперконтинентот Пангеја од пред околу 335 милиони до 175 милиони години.
Фото: Science Alert
Геолозите долго сметаа дека басенот на Северен Атлантик се формирал кога Пангеја почнал да се растура пред 200 милиони години и дека Исланд се формирал пред околу 60 милиони години над вулканскиот пепел во близина на центарот на океанот.
Но, Фулгер и нејзините колеги посочуваат на поинаква теорија: дека океаните почнале да се формираат јужно и северно, но не западно и источно, од Исланд кога Пангеја се распарчил. Геолозите пишуваат дека областите на запад и исток останале поврзани со она што денес се Гренланд и Скандинавија.
Според новата теорија, Пангеја не се распарчил чисто и исчезнатиот континент Исландија останал како нескршено парче на сува земја широка најмалку 300 километри, која останала над брановите до пред околу 10 милиони години. На крајот потонале и источните и западните краеви на Исландија и останал само Исланд, смета Фулгер.
Оваа теорија би објаснила зошто карпите на кората под Севрен Исланд се дебели околу 40 километри наместо 8 километри, што би се очекувало ако Исланд се формирал над вулканските прашини, сметаат геолозите.
Фулгер и нејзините колеги проценуваат дека Исландија некогаш се протегала на повеќе од 600 илјади километри сува земја помеѓу Гренланд и Скандинавија - област која е малку помала од Тексас. Денес Исланд има површина од 103 илјади квадратни километри.
Извор:
Science Alert
Насловна фотографија: Unsplash