X
 18.01.2019 Култура

Теорија за осмата сезона на „Игра на троновите“: Кој, всушност, е Ноќниот крал?

Долгогодишната теорија за „Игра на троновите“ што ја нагласува важноста на Брен се чини дека е навестена во трејлерот за финалето на серијата.

Откако се врати во Винтерфел како гавранот со три очи, до крајот на седмата сезона, детето на Старк беше преокупирано со своите браќа и сестри. Но, во иднина, овој лик во серијата може да стане уште поапсурден. Имено, една од теориите е дека Брен е застрашувачкиот Ноќен крал.

Трејлерот што неодамна се појави на „Јутјуб“ прикажува дека во новата епизода може да се види патувањето на Брен. Токму тој може да биде човек кој станал лидер на Белите шетачи, во обид да ги спречи Децата на шумата да бидат војска на бесмртните.

Според теоријата, преминот на Брен во Ноќниот крал веројатно се случил кога Децата на шумата го прободиле неговото срце со стакло од змеј, оставајќи го Брен заглавен во сопственото тело - теорија што се чини веројатна по сцената во шестата сезона која го покажува создавањето на Белите шетачи.



Во оваа сцена Брен ги гледа настаните од далечина, а неговата позиција е директно рефлектирана со онаа на Ноќниот крал, потег што веројатно продуцентите намерно го направиле.

Понатаму, интеракцијата на Брен со Лиф би можела да даде легитимитет на теоријата; кога тој ја прашува дали Децата на шумата ги создале Белите шетачи, таа вели: -Бевме во војна. Бевме убивани. Нашите свети дрвја беа исечени. Мораше да се одбраниме.

Потоа Брен прашува: -Од кого?, а Лиф одговара: - Од тебе.


Можеби овој разговор ќе добие сосема ново значење подоцна.

Премиерата на најновата сезона на „Игра на троновите“ е закажана за 14.4.2019 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура