X
 28.06.2024 Образование

Прво пријавување: Средното стручно попривлечно за учениците, приемни се полагаат во две училишта

Тестирање за упис во средно годинава има во две училишта во Македонија, објави Министерството за образование и наука по објавувањето на ранг-листите по првото пријавување на учениците. Првото пријавување се реализира од 20 до 25 јуни, а на 26 беа објавени ранг-листите.

Денеска ќе има квалификациско тестирање во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик и во СОУУД „Димитар Влахов“ - Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик. Конечните ранг-листи со резултатите од полагањето, според МОН, ќе бидат објавени денеска.

Инаку, финалните ранг-листи покажуваат дека во првото пријавување се пријавиле 15.786 ученици, а се запишале 13.882. Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно 4.316 ученици во гимназиско образование и 9.566 ученици во стручно образование.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 17.272 ученици. Во гимназиско образование има 4.878 слободни места, додека во стручно образование 12.394.

Второто пријавување на учениците и доставувањето на потребната документација до училиштата ќе се врши на 1 јули и на 2 јули 2024 година до 15:00 часот. Ранг-листа на запишани ученици се објавува на 3 јули 2024 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница, до09:00 часот.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 5 јули 2024 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование