X
 04.07.2023 Образование

Стручно училиште избрале две третини од запишаните во средно образование во јуни

Во двете пријавувања во јунскиот уписен рок во прва година средно образование во учебната 2023/2024 се запишале 15.481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта. Министерството за образование и наука информира дека според конечните ранг-листи, во стручно образование се запишале 10.277 ученици, 4.603 ученици се запишани во гимназиите, 414 во спортска гимназија и 187 во уметничко образование.

Според наставниот јазик, 11.325 се запишани за настава на македонски јазик, 3.852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.

На првото пријавување, кое се реализира преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16.007 ученици, а на второто пријавување - на 27 и 29 јуни се пријавиле 3.371 ученик.

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места..

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование