X
 19.08.2020 Технологија

Колку е брза интернет-мрежата на „Старлинк“? Резултатите може да ве изненадат

„Спејс екс“ на Илон Маск ова лето си обезбеди место во историјата како првата компанија што ги однесе американските астронаути во вселената од американска површина. Но, еден друг проект на компанијата, кој моментално повеќе пречи отколку што прави добро, конечно е ставен на тестирање и ги дава првите резултати. Станува збор за мрежата сателити „Старлинк“.

Досега лансираните сателити на „Старлинк“ предизвикаа само негодување во научната заедница поради пречките што ги предизвикува во текот на набљудувањето на ѕвезденото небо и создавањето метеж во пониската орбита околу Земјата. Неодамна, „Старлинк“ беше мета на критики затоа што пречеше во набљудување на кометата Неовајс.

Но сега, контроверзното присуство на сателитите можеби ќе се покаже вредно со помош на популарниот „Спидтест“ што ја мери брзината на интернетот. Имено, стигнаа и првите резултати. Секако, брзината засега не е ни близу до ветувањето на Маск за гигабајт-интернет и помалку од 20 милисекунди латентност од „Старлинк“. Најголемата брзина за преземање е 60 мегабајти, додека за прикачување достигна 17,70 мегабајти. Латентноста се движи од 31 до 94 милисекунди.

старлинк

Иако резултатите не воодушевуваат, важно е да се земе предвид дека станува збор за само 600 сателити.

Најниската забележана брзина за преземање податоци од интернет е 11 мегабајти.

Земајќи го предвид сето наведено, мрежата „Старлинк“ со само 600 сателити дава резултати за кои би можеле да сонуваат многу даватели на интернет-услуги. Освен тоа, откако 12.000 сателити ќе кружат над нашите глави, овој гигабајтен интернет ќе стане и реалност.

Секако, овој интернет нема да биде бесплатен. Но, ако „Старлинк“ уште сега им предизвикува проблеми на научниците во набљудувањето на вселената, можеме само да замислиме какви проблеми ќе прават 12.000 сателити.

Извор: Slashgear.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија