Идните потстанари во студентските домови за академската 2020/21 ќе може да аплицираат онлајн. Владата денеска донесе протокол за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година.
На линкот студентите може да се информираат како да поднесат документи за прием во некој од државните студентски домови.