Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021/2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да се погледне на следниот
линк.
Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини што се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште.
Дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС-пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.
Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видеоупатства за родителите/старателите се објавени на страницата
https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства. Дополнително, одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт-формата во менито контакт.