X
 28.08.2021 Живот

Зошто бумерангот се враќа?

Дали некогаш сте се запрашале како функционира бумерангот?

Припадниците на нашиот вид со бумерангот се служат многу подолго отколку што мислевме, десетици илјади години. Најстариот пронајден примерок е направен од коски од мамут, а интересно е што бумерангот бил користен за лов. Ова невообичаено оружје, кое тогаш било правено да не се враќа кон оној што го фрлил, му овозможувало на ловецот да го нападне пленот од голема оддалеченост.

Секако, на тој начин биле ловени претежно ситни животни, а тој и денес се употребува за лов на птици.

Се верува дека бумерангот каков што денес го користиме за игра настанал случајно - некој направил бумеранг со погрешен облик. Ваквиот алат се вратил кон тој што го фрлил и така се родила една од најмистериозните и најинтересни играчки направени од страна на човекот.

Но, зошто тој се враќа?

„Крилјата“ на бумерангот, односно неговите краци, се обликувани како крилјата на авионот. Рамни се на дното и прецизно заоблени на врвот и благодарение на тоа, воздухот се „завива“, а притисокот е понизок над бумерангот отколку под него.

Секако, секој што некогаш фрлил бумеранг знае дека не е сѐ во обликот, туку е важно и како се фрла. Би требало да се фрли вертикално, држејќи го за едното крило, додека другото е вперено нагоре, а средиштето на бумерангот вперено кон вас.

Тој во летот се врти во воздухот така што крилото кое е горе се поместува побрзо од она што е долу. Разликата во потисокот на крилјата врз воздухот создава момент на сила, која потоа благо ја наклонува рамнината на ротацијата.

Бумерангот се врти околу својата оска, па кревањето е поголемо во горната положба на ротација. Резултат: патеката се искривува. Ова во физиката е познато како жироскопска прецесија.

Доколку се фрли правилно, неизбежно ќе дојде до вртежна сила и таа ќе биде константна во текот на краткиот лет на бумерангот и неговиот момент на импулс, па бумерангот ќе се врати кај тој што го фрлил.

Извор: ddl.rs
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот