X
 28.08.2022 Технологија

Се гради „паметен град на иднината“ во Јапонија

Најголемиот светски произведувач на автомобили „Тојота“ го гради првиот „паметен град“ во светот.

Градот Вовен, кој се наоѓа во близина на подножјето на планината Фуџи во Јапонија, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно автономна заедница дизајнирана да тестира нови технологии, како автоматско возење, роботика и вештачка интелигенција во реални услови.


Фото: Woven city

Овој прототип за градот на иднината ќе биде изграден на темелите на местото на некогашната фабрика „Хигаши-Фуџи“, која својата децениска историја на производство на автомобили ја завршила на крајот на 2020 година. Идејата за паметниот град е сите луѓе, згради и возила да може да комуницираат едни со други преку технологијата.
Оваа поврзаност ќе ѝ овозможи на компанијата да тестира како напредната технологија за вештачка интелигенција работи во реалниот свет, притоа одбегнувајќи големи ризици.

Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија, а во градот ќе има три вида улици: за пешаци, за автомобили и за автономни возила.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Woven city
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија