Во иднина возилата на „Тојота“ може да имаат едно безобразно изненадување за одвраќање на крадците.
Во текот на летото оваа компанија поднесе патент за персонализиран систем за распрскување арома. Патентот е прилично едноставен: кога автомобилот ќе препознае некого како овластен корисник, може да ја прсне неговата омилена арома. А ако некој го разбие автомобилот, тој може да биде испрскан со солзавец.
Некои автомобили веќе имаат распрскувачи на арома, но патентот на „Тојота“ е првиот обид за нивно персонализирање или претворање во оружје.
Новиот патент на „Тојота“ опишува систем кој може да детектира кога некој се приближува и да прсне од омилената арома на тоа лице. Патентот се потпира на сигнали испратени од спарен паметен телефон.
Доколку компанијата го имплементира патентот, веројатно прво ќе видиме системи што ќе прскаат ароми, но не и солзавец.
Персонализираните ароми можеби звучат убаво, но ставањето солзавец во системот за вентилација на автомобилите што ги користиме за транспорт на нашите деца и пријатели не звучи толку добро и може да биде проблем при
продажбата.