X
 26.12.2018 Економија

Ова се десетте најмоќни брендови во светот за оваа година

Компанијата за стратешко консултирање, „Интербренд“, објави ранг листа на најдобрите глобални брендови за оваа година. И овој пат, шеста година по ред, „Епл“ и „Гугл“ се најдоа на врвот на најмоќните брендови.

Според рангирањето, кое подразбира проценување на вредноста на сто брендови во долари, компанијата „Амазон“ имал најголем раст. Од друга страна, „Џенерал Електрик“ најмногу изгубил на вредност.

Рангирањето е направено на основа на три критериуми:

1. Финансискиот успех на производите и услугите на брендот;

2. Улогата на брендот во носењето одлуки;

3. Конкурентската сила на брендот и неговата способност да ги задржи и одржи побарувачката и профитот.

Ова се десетте најмоќни брендови:

10. „Мекдоналдс“ - вредност 43,42 милијарди долари

Фото: Business Insider

Овој гигант за брза храна има проценета вредност од 43,42 милијарди долари, што значи дека оваа компанија ја зголемила вредноста за пет отсто.

9. „Фејсбук“ - вредност 45,17 милијарди долари

Марк Закерберг
Фото: Business Insider

„Фејсбук“ имаше тешка година. Со оглед на се, губењето на вредноста на брендот од шест отсто и вреднувањето од 45,17 милијарди долари и не е така лошо.

8. „Мерцедес“ - вредност 48,6 милијарди долари

Фото: Business Insider

Ваквата проценка значи дека „Мерцедес“ ја зголемил вредноста за два отсто во однос на 2017 година.

7. „Тојота“ - вредност 53,40 милијарди долари


Фото: Business Insider

Вредноста на оваа компанија се зголемила за шест отсто за разлика од претходната година.

6. „Самсунг“ - вредност 59,89 милијарди долари

Фото: Business Insider

Вредноста на овој бренд исто така забележала раст од шест отсто.

5. „Кока Кола“ - вредност 66,34 милијарди долари

Фото: Business Insider

Оваа компанија загубила пет отсто од својата вредност во однос на претходната година, но се уште котира високо на листата.

4. „Мајкрософт“ - вредност 92,72 милијарди долари

Фото: Business Insider

Софтверскиот гигант ја зголемил вредноста на брендот за 16 отсто во текот на оваа година.

3. „Амазон“ - вредност 100,764 милијарди долари

Џеф Безос
Фото: Business Insider

Вредноста на брендот на оваа компанија се зголемила за неверојатни 56 отсто.

2. „Гугл“ - вредност 214,48 милијарди долари

Сундар Пичај
Фото: Business Insider

Со раст од 10 отсто во однос на минатата година, „Гугл“ е многу блиску до врвот на листата.

1. „Епл“ - вредност 214,48 милијарди долари

Тим Кук
Фото: Business Insider

Растот на „Епл“ во однос на минатогодишното рангирање е 16 отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија