X
 28.09.2019 Култура

Норвешки град северно од Арктичкиот круг ќе биде европска престолнина на културата

Овој град е трет во Норвешка, по Берген во 2000 и Ставангер во 2008 година, што ќе ја преземе титулата културна престолнина.

Во конкуренција со Буде беа Бања Лука и Мостар од Босна и Херцеговина, кои ќе бидат препорачани како европска престолнина на културата за 2024 година за градови надвор од Европската Унија.

- Убеден сум дека Буде и неговиот регион ќе ја искористат оваа можност да ги зајакнат своите културни и други врски со ЕУ - вели Тибор Навраксис, европски комесар одговорен за образование, култура, млади и спорт.

- Посетителите од цела Европа и пошироко ќе имаат можност да го откријат градот и неговите културни вредности, но и да ја ценат разновидноста на културите на нашиот континент - додаде тој.

Буде ќе ја дели титулата во 2024 година заедно со два европски града: Тарту во Естонија и уште еден австриски град кој ќе биде објавен во ноември.

- Навистина сме среќни. Ова беше вистинска тимска победа. 2024 ќе биде незаборавна година. Ова е првпат да имаме голем меѓународен настан во Северна Норвешка - изјави портпаролот на кампањата на Буде, Ида Пинерод.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура