X
 26.12.2018 Култура

Песната „Ѕвончиња“ со години ја толкувате погрешно

„Ѕвончиња“ е една од најпопуларните божиќни песни, но мал број луѓе знаат дека во неа всушност не се пее за Божиќ и дека е далеку од весела семејна песна.

Оригинално била компонирана во 1850 година за американскиот Ден на благодарноста, а била создадена во една крчма во Медфорд, недалеку од Бостон.

Во Медфорд во тоа време се одржувале трки со санки што ги влечеле коњи, а дивеењето на санките било инспирација за „Ѕвончиња“, објаснува Кина Хамил, професорка на бостонскиот универзитет и потпретседател на тамошното друштво на историчари.

- Авторот на песната, Џејмс Лорд Пиерпонт, всушност бил кретен. Постојано го оставал семејството. Кога отишол на Запад во потрага по злато, го оставил својот татко да се грижи за неговата жена и за децата. Кога во меѓувреме му починала жената, ги напуштил децата и за брзо време повторно се оженил. Наводно не ни отишол на погреб кај сопругата - раскажува таа.

Песната за која многумина мислат дека е убава божиќна песна е всушност песна за пијанење, тврди таа.

- Ако размислите дека во Медфорд производството на алкохол било една од најпрофитабилните индустрии и потоа повторно го прочитате текстот, ќе ви стане јасно дека се работи за песна со која луѓето се пијанеле. Некои делови од текстот всушност звучат како опишување на нешто што се случило додека луѓето биле пијани - вели Хамил.

Освен познатите делови на сите, постои уште една строфа што зборува за возење со кочија која нема баш среќен крај и навистина нема врска со Божиќ.

Слушнете како звучи оригиналната верзија на „Ѕвончиња“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура