Милиони луѓе во индиската сојузна држава Раџастан останале без пристап до интернет откако Владата го исклучила во неделата. Причината за исклучувањето на интернетот била спроведување тест за наставници. Тестот го полагале над 1,6 милион луѓе, а Владата го исклучила интернетот за да спречи мамење на тестирањето.
Сепак, од тоа биле погодени многу повеќе луѓе во државата, поточно околу 8,5 милиони луѓе. Исклучувањето на интернетот може да ги наруши образованието, здравството и други сектори, а може да влијае врз многу лица што зависат од него за работа или учење, објасниле од индискиот правен центар за слобода при користење софтвери.
Според светските медиуми, многу локални жители изјавиле дека исклучувањето на интернетот не е нешто ново и дека други региони се соочувале со уште подолги исклучувања.
Регионите Џаму и Кашмир често остануваат без интернет поради безбедносни причини за кои се даваат малку информации.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay