Кога антивладините протести избија во Русија во октомври, властите направија нешто што не го направиле никогаш порано: го прекинаа мобилниот интернет-сервис на целата географска област.
Речиси две недели десетици илјади, главно муслимански Руси, биле спречени да пристапуваат на социјалните мрежи и да споделуваат видеа преку нивните паметни телефони. За разлика од Кина, каде што контролата на интернетот е централизирана, Русија сè уште нема лесен начин за да ги стави во карантин негативните вести, па затоа мораше да ги принуди комерцијалните пренесувачи да ги ограничат локалните услуги, една по една.
Но, се чини дека Русија сака да оди чекор подалеку. Поддржан од претседателот Путин, пратениците во Москва се обидуваат да донесат закон наречен „Суверен интернет“ или „Рунет“, дизајниран да создаде единствено командно мислење со кое властите ќе можат да управуваат и доколку е потребно, да ги сопрат информациите низ целиот руски сајбер-простор.
Фото: Getty Images
Путин ја нуди иницијативата како одбранбен одговор на новата сајбер-стратегија на администрацијата на Трамп, која дозволува навредливи мерки против Русија и други противници. Но, експертите за безбедност и други високи претставници велат дека политичкиот пресврт е поголемата загриженост.
- Овде не станува збор за странски закани или забрана за „Фејсбук“ и „Гугл“, што Русија може да ја направи легално. Станува збор за способноста на владата да отсече одреден вид интернет-сообраќај во одредени области за време на граѓански немири - вели Андреј Солдатов, автор на книгата „Црвената мрежа: Војните на Кремљ на интернет“ и коосновач на „Агентура.ру“, веб-страница што ги следи безбедносните услуги.
Првиот чекор би бил воспоставување технички средства за борба против закани. Ова се однесува на инсталирање специјални кутии со софтвер за следење илјадници точки за размена што ја поврзуваат Русија со пошироката мрежа.
Единиците ќе се хранат од еден центар, овозможувајќи им на регулаторите да ги анализираат и обемот и видовите сообраќај во реално време и селективно да блокираат или пренасочат одредени типови протоци, без разлика дали се видеа на „Јутјуб“ или „Фејсбук“.
Против предлогот се корисниците и операторите кои сметаат дека ова не е најдоброто решение. Корисниците предупредуваат дека воведувањето на „Рунет“ би ги ограничило нивните и така ограничени слободи, додека операторите истакнуваат дека создавањето ваков алтернативен интернет би чинело милијарда рубли.
Експертите за компјутерска безбедност предупредуваат дека создавањето на централизираниот „Рунет“ би ја направило Русија уште поранлива бидејќи би постоело едно место што треба да се нападне, па целиот „Рунет“ би престанал со работа. Исто така, истакнуваат дека системите за надзор и филтрирање на содржините би можеле да придонесат за намалување на протокот на информации не само во Русија, туку и во останатиот дел од светот.
-
Русија е еден од најголемите светски центри за размена на сообраќај, со брзи канали. Ставањето кутии за следење на секој јазол би можело да го забави не само „Рунет“, туку и глобалниот интернет. Тоа е исто како една земја да го затвори својот воздушен простор - вели Артем Козлук, основач на „Роскомсвобода“, московска група што се залага за ограничувања на интернет.