X
 29.10.2015 Култура

Мапа која докажува дека слободата на интернет драстично опаѓа

Слободата на интернетот се`уште не е насекаде достапна со оглед на тоа што 6 од 10 луѓе (околу 58%) низ светот живеат во земја во која интернет корисниците и блогтерите завршуваат во затвор доколку споделат политички, социјални или верски содржини на интернет.

 

интернет


Овој факт доаѓа од Freedom House, кој откри дека слободата на интернет е во опаѓање и тоа петта година по ред. Во својот годишен извештај за 2015 година, NGO наведува дека уште од јуни 2014 година, слободата на изразување преку интернет се вратила еден чекор назад во 32 земји од вкупно 65 проучувани земји.

Веројатно најмногу изненадува што некои од клучните наоди доаѓаат од Франција. Оваа таканаречена „Земја на човековите права“ се чини дека и не е толку имуна на вознемирувачкиот тренд и се наоѓа на второто место, веднаш после Либија.

„Значајни опаѓања се документирани во Либија, Франција и втора година по ред, Украина, поради нејзините територијални конфликти и пропагандата војна со Русија.

Причината позади лошиот рејтинг на Франција може да се проследи со контроверзниот закон усвоен од францускиот парламент во јуни 2015 година. Законот за разузнавање им овозможува на разузнавачките агенции да спроведуваат електронски надзор без судска одлука и бара од интернет провајдерите да инсталираат таканаречени „црни кутии“ - алгоритми кои мги анализираат метаподатоците на корисниците за „сомнително“ однесување.

Наодите на Freedom House се поддржани со апсењето на неколку интернет корисници во Франција.

Но, важно е да се одржува перспективата и да се земе во предвид дека француските интернет корисници се`уште имаат подобри резултати од просекот. И покрај падот на слободата, Франција останува на 9-то место од 18-те земји класифицирани како „слободни“ и има 24 поени на скалата за рангирање на слободите не аедна земја. Сепак, земјата бележи значителен пад на слободата на интернет во текот на изминатата година, и има еднаква основа со Украина. Тука некаде е и Турција и Русија.

 

мапа


Freedom House наведува дека како резултат на ефективната улога на социјалните мрежи за време на Арапската пролет во 2011 година, повеќето влади од Магреб и Блискиот Исток ја заострија контролата над интернетот. Либија, која се смета за „делумно слободна“, е земја која бележи најголемо опаѓање на слободата на интернетот, губејќи 6 поени од 2014 година.

NGO стравува дека владите уште повеќе ќе го ограничат пристапот до информациите од јавен интерес и ќе го прошират надзорот и ќе ги уништат алатките за приватност. Овие групи ќе отстрануваат и содржини.

На позитивната страна, тука се и најдобрите земји: Исланд со 6 поени, после него Естонија, Канада, Германија, Австралија, Америка, Јапонија и Италија. Најдолу се наоѓа Кина со 88 поени, а потоа Сирија и Иран со ист број на поени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура