X
 20.06.2018 Култура

Откриен крајот на „Игра на троновите“?

И додека фановите со нетрпение ги очекуваат новите сезони за да дознаат кој ќе извлече „жива глава“ и кој од семејството Старк ќе преживее, се чини дека една актерка го откри тоа преку својата тетоважа.

Тетоважата на Софи Тарнер, актерката која ја глуми Санса Старк, покажува дека таа ќе преживее во последната сезона.


- Осамениот волк ќе умре, но глутницата ќе преживее - е познатиот цитат на таткото на Санса, Нед Старк, од првата сезона. Оттука и доаѓа тетоважата, а голем број фанови сметаат дека ѕвездата го упропасти крајот на „Игра на троновите“ со цитатот на нејзината рака.

Крај на една ера: Емилија Кларк се збогува од серијата „Игра на троновите“

Британската актерка Емилија Кларк со емотивна порака се збогува со популарната серија „Игра на троновите“, поради која стекна вистинска армија од фанови.

Емилија Кларк, која во серијата ја глумеше Денерис Таргариен, ја сними последната епизода од осмата сезона, а потоа сподели емотивна порака и се збогува со серијата, како и со луѓето со кои соработувала.

- Патувам со брод до островот за да се поздравам со земјата што беше мој дом речиси една деценија... Тоа беше патување. „Игра на троновите“, ви благодарам за животот за кој никогаш не ни помислив дека ќе го живеам - напиша Емилија на нејзиниот инстаграм-профил по нејзиниот последен ден на снимањето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура