X
 17.08.2024 Живот

Помалку од 10 минути гледање „Тик-ток“ се доволни за сериозни последици, a особено загрозени се жените

Ново истражување покажа дека гледањето видеа на „Тик-ток“ за екстремно слабеење може навистина да му наштети на вашето ментално здравје.

Поминувањето многу време на оваа социјална мрежа, а особено гледањето содржини кои промовираат анорексија, ја поткопува самодовербата на младите жени и го зголемува ризикот од нарушувања во исхраната, покажа истражувањето на Универзитетот „Чарлс Стурт“ во Австралија.

- Нашето истражување покажа дека помалку од 10 минути изложеност на содржини кои промовираат анорексија на „Тик-ток“ имаат непосредни негативни последици врз создавањето идеална слика за телото - велат истражувачите во извештајот.

Исто така, истражувачите изјавија дека негативно психолошко влијание може да се случи дури и кога женските корисници не мора да пребаруваат ваков тип на содржина и ја користат оваа социјална мрежа само кратко време.

За борба против овој проблем, авторите на истражувањето препорачуваат построги контроли и регулативи поврзани со промовирање на анорексија, нарушувања во исхраната и тик-ток-содржина која го промовира „идеалното“ тело.

- Во моментов се преземаат чекори за отстранување на опасната содржина, вклучително и блокирање на хаштагови како #anorexia. Сепак, постојат различни начини на кои корисниците ги заобиколуваат овие контроли и потребна е дополнителна регулација - нагласуваат тие.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот