Секоја нова техника за учење е добредојдена за студентите. Сите техники не успеваат кај секого, но вреди да се пробаат. Една ваква техника стана популарна на „Тик-ток“.
Во видео објавено на социјалната мрежа, една студентка ја пробува техниката која е прилично едноставна. Таа зема хартија и со пенкало неконтролирано „црта“ на неа додека учи. Цртањето на хартијата ѝ помага да остане фокусирана на материјалот додека учи.
Како што открила, за само 25 минути успеала да запомни 93 збора со помош на оваа техника.
Во коментари на видеото се јавиле други корисници на социјалната мрежа кои потврдиле дека оваа техника функционира. Една корисничка напишала дека техниката е поддржана и со истражување.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay