X
 28.11.2018 Технологија

7 не многу познати чуда на машинскиот инженеринг

Машинскиот инженеринг е поврзан со дизајнирањето, конструирањето и користењето машини. Речиси е невозможно да се замисли нашиот секојдневен живот без влијанието на машинскиот инженеринг.

Од малите чешми во нашите домови до комплексни машини што се користат во градењето на спомениците, принципите на машинското инженерство се применуваат речиси во сѐ што нѐ опкружува.

Секој машински уред е чудо само по себе, користејќи ги принципите на сила, движење и енергија за да си ги олесниме нашите животи. Сепак, зборот „чудо“ најдобро одговара на нештата што често ве тераат да се запрашате: „Како го направиле ова?“

Ова е листа со 7 такви чуда на машинскиот инженеринг.

1. „Багер 288“ - Огромното возило за земја


Фото: Wikimedia Commons


„Багер 288“ е една од најголемите и најтешките машини во светот што може да пренесе околу 240.000 кубни метри почва во еден ден. Биле потребни цели 10 години за да се создаде машината, од дизајн до монтажа, со вкупна цена од 100 милиони долари.

Овој огромен багер е висок колку Статуата на слободата во Њујорк (96 метри), 225 метри е долг и тежи 13.500 тони. Бил изграден од компанијата „Круп“ во Германија.

Багерот може да ја замени работата на 40.000 работници дневно. Се користат дебели кабли за да обезбедат електрична енергија од 30.000 волти за багерот.

2. Авиопревозник „Џорџ Х. В. Буш“ (ЦВН-77)


Фото: Wikimedia Commons

Именуван по 41-виот претседател на САД, „Џорџ Х. В. Буш“ бил изграден од „Нортоп Груман“ и бил пуштен во употреба во 2009 година. Тој е последниот од класата превозници „нимиц“.

Вкупните трошоци за изградба на бродот изнесуваа 6,2 милијарди долари. Овој гигант носи два нуклеарни реактори што може да напојуваат брод повеќе од 20 години без воопшто да се става гориво.

Неговата максимална брзина е повеќе од 30 јазли. Носачот се протега на околу 332 метри, а има палуба широка 76,8 метри и долга 332,9 метри, а може да собере вкупно 6.000 члена на екипажот и 60 авиони.

3. „Нано мотор“ - Мотор што работи на еден атом


Фото: AG QUANTUM/JGU

Научниците од Универзитетот во Мајнц, Германија, успешно го создале најмалиот мотор што некогаш е создаден. Моторот се напојува со еден електричен атом на калциум и се смета дека има слична термодинамичка ефикасност на просечен автомобилски мотор.

Наномоторот го следи истиот термодинамички циклус што се јавува кај нормалниот мотор на автомобил.

Иако не може да има директна примена, со мали модификации, овој мал мотор може да доведе до повеќе можности во проучувањето мали квантни машини.

4. Сoларната сонда „Паркер“ - Најбрзото вселенско летало




Именувана по американскиот астрофизичар Јуџин Паркер, сондата „Паркер“ беше лансирана на 12 август 2018 година, а е резултат на 8 години напорна работа на неколку инженери и научници, а вкупната цена за изградба е 1,5 милијарда долари и се очекува да стане најбрзото вселенско летало до декември 2024 година.

Сондата е специјално дизајнирана да патува низ Сончевата атмосфера и да ја проучува областа за која претходно знаевме само преку набљудувањето на  еклипсите. Оваа историска мисија ќе обезбеди клучни истражувачки податоци за соларните аномалии за да се најдат одговори за важни соларни мистерии.

Тежи само 685 килограми и е голема колку автомобил.

5. Опсерваторијата за рендгенски зраци „Чандра“ - Најмоќниот телескоп што постои




Оваа опсерваторија била лансирана во 1999 година од НАСА и е најмоќниот и најголемиот телескоп на рендгенски зраци во светот. Била лансирана за да направи слики од високоенергетските региони (црни дупки, темна материја, супернова итн.) на универзумот.

„Чандра“ е именувана по познатиот Субрахманјан Чандрасекар, добитник на Нобелова награда. Ова чудо има огледала со висока резолуција, што му овозможува да собере 100 пати помали рендгенски зони од своите претходници. Системот на телескопот „Чандра“ орбитира околу Земјата на височина што е 200 пати поголема отколку на вселенскиот телескоп „Хабл“.

6. „Робофлај“ - Малечок летачки објект што може да работи безжично




„Робофлај“ повеќе не е технологија што може да се види само во холивудските филмови. Инженерите од Универзитетот во Вашингтон дизајнирале роботска мува што тежи само една десеттина од грам.

Летачката робот-мува оперира самостојно и не бара никаква жица. Целосно е опремена со микроконтролор што дејсвува како мозок за да му помогне да стекне контрола над сопствените крилја. Иако моментално „Робофлај“ е ограничена во однос на способностите, истражувачите планираат да развијат напредна верзија со вградени мали батерии, напреден мозок и сензорни системи што ќе помогнат да навигира во текот на летот и самостојно да извршува задачи.

7. „Белаз 75710“ - Најголемиот камион-дампер за отпад




Со тежина од над 360 тони, овој камион е навистина најголемиот дампер со капацитет од 450 тони. За да постигне ваков подвиг, џиновскиот камион се состои од осум тркала. Го напојуваат два 16-цилиндрични дизел-мотори што разгоруваат неверојатни 3.430 kW коњски сили со максимална брзина од 64 километри на час. Изграден е од инженери на белоруска компанија за околу 6 милиони долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија