X
 28.12.2018 Живот

Французин тргна на пловидба преку Атлантикот во буре

Авантуристот Жан-Жак Савин (71) од Франција има намера да го преплива Атлантскиот Океан во портокалова дрвена капсула во облик на буре, користејќи ја само моќта на морските струи.

Почетната точка е Ел Хиеро на Канарските Острови, а Савин се надева дека ќе стигне до Карибите за три месеци. Во „капсулата“ има кревет за спиење, кујна и мал магацин. Сѐ што е поврзано со патувањето ќе се објавува на неговата фејсбук-страница, а најновата порака е дека бурето „се однесува добро“.



Савин ќе поставува и маркери на својата рута за да им помогне на океанографите при проучувањето на атлантските струи.

Пловилото е долго 3 метри, широко 2,1 метара и има шест квадратни метри простор за престој, како и за прослава на новогодишната ноќ и на неговиот 72. роденден на 14 јануари.

Савин е поранешен воен падобранец, а работел и како пилот. Неговиот буџет од 60.000 евра беше собран од доброволни прилози.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот