X
 08.10.2021 Живот

Французин, кој сака да го обиколи светот пеш, стигна до Балканот

Солал Хон е 26-годишен жител на Франција кој поминал неколку месеци во болница минатата година поради несреќа откако паднал од балкон. По ова искуство, тој одлучил да го исполни долгогодишниот сон - да го обиколи светот пеш. Тргнал на пат во јуни годинава, а во моментов се наоѓа во Босна и Херцеговина.

Хан ја започнал авантурата на 3 јуни од катедралата „Нотр Дам“ во Париз. Тој ги поминал швајцарските Алпи, италијанските Доломити, а поминал и покрај реката Соча и Љубљана. Потоа бил во Постојнската Јама, по што ја посетил Хрватска и продолжил да патува низ Балканот.



Вели дека овој потфат не го плаши бидејќи пораснал планинарејќи со семејството. Најголем предизвик му е да преживее со 250 евра месечно. Овие пари ги собрал работејќи во Франција, а очекува неговото патување да трае шест или седум години.

Навечер најчесто спие во шатор или во напуштени куќи, а користи и платформи за бесплатно сместување низ светот.

- Одушевен сум од природните убавини на Балканот, како и од домашните оброци што ги пробав во Хрватска и Босна и Херцеговина - изјавил тој.



Хoн вели дека во Хрватска и во Босна и Херцеговина наишол на диви животни, а еднаш дива свиња го душкала додека спиел. По Босна и Херцеговина планира да продолжи до Црна Гора, а потоа да оди во Албанија, Бугарија, Турција, Грузија, Ерменија, Иран, Пакистан, Индија, САД итн. Како што вели тој, верува дека ќе успее да го обиколи светот пешачејќи бидејќи со себе има квалитетна зимска опрема и внимателно ги планира сите детали од патувањата.



Хoн објавува фотографии од своите патувања на „Инстаграм“, а има и профил на „Типи“, на кој луѓето може да му донираат пари за патувањето.

Извор: Klix
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот