Љубителите на вино сега може да уживаат во престојот во винско буре, опкружени со лозје во Португалија.
Винарницата „Кинта де Пашек“ се наоѓа во Дeуро и им овозможува на гостите да престојуваат во огромни буриња на само неколку метри од винарницата стара 280 години. Во секое буре има кружен двоен кревет и бања со туш, прозорци со поглед кон небото и приватна тераса. Бурињата се климатизирани и опремени со безжичен интернет.
Боровите буриња се дизајнирани од сопствениците на имотот, Пауло Переира и Марија ди Сеу Гонсалвес, и се исти реплики на оние што се користат на имотот.
Љубителите на виното може да ја истражуваат винарницата што се протега на 140 хектари и да дегустираат вина, вклучувајќи црвено, бело и розе.
- „Кинта де Пашек“ ги создаде винските буриња како храбар архитектонски проект за зајакнување на оригиналноста на винскиот туризам - вели портпаролот на винарницата.
Фото:quintadapacheca.com
- Во идилична романтична атмосфера, овие соби обезбедуваат уникатно доживување во природа во винскиот регион Деуро - додава портпаролот.
На имотот, исто така, има ресторан каде што гостите можат да уживаат во локалното
вино, како и други локални производи, како џем и маслиново масло. Цените се од 190 до 205 евра за една ноќ со вклучен појадок.
Гостите што не сакаат да престојуваат во бурињата можат да престојуваат во хотелот „Винска куќа“.