X
 28.12.2019 Живот

Дали треба да ги облекуваме кучињата?

Облекувањето на домашните миленичиња во текот на зимата веќе подолго време е вообичаена работа, но и понатаму има сопственици кои одбиваат да ги затоплат дури и кога гледаат дека се тресат од студ. Кој е во право - оние што се убедени дека на кучињата не им треба облека или оние што ги облекуваат?

Она што дефинитивно треба да го имате предвид е какво е влакното на вашето куче. Доколку има влакно и подвлакно, поголема е шансата да не му е студено, додека на кучињата со кратко влакно може да им биде студено.

Топлината што вашиот миленик може да ја акумулира зависи од расата, големината и годините, но запомнете дека ако нема доволно влакно, дефинитивно му е потребно нешто што ќе го грее. Помалите раси, како чивава и мини пинч, кои имаат пократко влакно, облечете ги кога е студено.

obleka

Секако, тоа не е единствениот предуслов за облекување. Облечете ги и ако се истрижени (на пример, пудлиците) и постарите кучиња на кои имунитетот им е послаб.

Од друга страна, германските овчари би можеле да се прегреат во облека. Обрнете внимание и на тоа од кој материјал е направена облеката. Волната е топла, но не е практична.

Измерете го кучето од вратот до опашката за да знаете која големина ја носи. Добро би било поголемите кучиња да ги земете со себе во продавница за да не згрешите.

Одлуката дали на вашето куче му треба џемпер во зима се сведува на здрав разум. Доколку е студено на допир, тогаш веројатно му е ладно. Тресењето и одбивањето да излезе од дома е дополнителен индикатор дека на вашето куче му е потребна дополнителна заштита.

Што се однесува до изборот на парчето облека, најмалку треба да се водите според естетиката. Треба да внимавате облеката да не го стега или сечи и да не се влече по земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот