X
 17.07.2022 Култура

Правила и протоколи за облекување што треба да ги следи британското кралско семејство

Кога членовите на кралското семејство излегуваат од домот, сите го гледаат нивниот моден избор.

Ако мислевте дека Елизабета Втора и Кејт Мидлтон можат да носат што сакаат, сте се излажале. Ова се некои од правилата што тие мора да ги следат без исклучок, а некои од нив ќе ве изненадат.

Кралицата секогаш носи светла облека за да се истакне од толпата

Од светли капути во секоја нијанса, до шапки во боите на виножитото, кралицата често избира исклучително светли бои за своите комбинации кога е во јавност. И постои добра причина за тоа.

Според биографот на кралицата, Роберт Хардман, таа еднаш рекла: - Никогаш нема да можам да носам крем- боја бидејќи тогаш никој нема да знае која сум.

Со боите кралицата може да се истакне во толпата и луѓето можат да кажат: - Ја видов кралицата.

kralica
Фото: Instagram

Кралското семејство секогаш патува во црна облека

Иако кралицата претпочита бои, сите членови на кралското семејство мора да носат црно кога патуваат, во случај член на кралското семејство да умре додека тие се отсутни.

Во далечната 1952 година, кога кралицата сè уште била принцеза, била принудена да чека во авион што слетал во Велика Британија бидејќи нејзиниот татко починал.

Крзното е забрането


Кралот Едвард III им забранил на сите членови на кралското семејство да носат крзно во 14 век, иако ова правило било прекршено многу подоцна. Имено, Кејт и Вилијам се соочија со низа негативни критики кога носеа традиционални марами украсени со крзно од видра.

Жените мораат да носат тегови на рабовите на нивните фустани

За да спречат ветрот да им ги дувне фустаните, жените од кралското семејство ставаат тегови на рабовите на нивните фустани.

2
Фото: Instagram

Немажените жени и деца никогаш не носат тијара и таа обично е строго резервирана за мажените жени

- Старото правило е дека шапки никогаш не се носат во затворени простории по 18 часот, бидејќи тогаш дамите се пресоблекуваат во вечерни тоалети, а на сцена настапуваат тијарите и семејниот накит - вели експертот за бонтон, Грант Харолд, познат како кралскиот батлер.

Чантите испраќаат тајни сигнали


Кралицата има свои тајни сигнали за да го извести својот персонал кога е подготвена да престане да разговара со некого.

Според кралскиот историчар Хуго Викерс, ако кралицата е на некој настан и сака да го прекине разговорот, таа ја префрла чантата од вообичаената лева страна на десната. Таа ја користи чантата и како знак дека е подготвена да го напушти настанот бидејќи кога ја става на масата, дава 5-минутно предупредување дека наскоро ќе си замине.

Кралицата има некој што ѝ ги разгазува чевлите


Кога ги извршува своите должности, обувките мора да бидат што е можно поудобни, особено затоа што кралицата има доста напорен распоред. А за да биде сигурна дека носи удобни чевли кои притоа се нови, користи испробан трик, односно член од нејзиниот персонал ѝ ги разгазува чевлите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура