Ви нудиме неверојатни цитати од делата на Мураками кои ќе ве натераат да ја погледнете убавината околу себе.
„Спомените ве топлат однатре. Меѓутоа, тие исто така можат да ве скршат“.
„Болката е неизбежна. Страдањето може да се избере“.
„Зошто луѓето мораат да бидат толку осамени? Која е целта на сето тоа? Милиони луѓе на овој свет, сите со копнеж, гледајќи другите да ги задоволат, а сепак се изолираат. Зошто? Дали Земјата беше измислена за да се храни од човечката осаменост?“
„Секој што се заљубува ги бара парчињата што му недостигаат. Секој што е вљубен станува тажен кога размислува за својата сакана личност. Тоа е слично како влегување во соба која ти буди премногу сеќавања на кои не ти текнало долго време“.
„Не сожалувајте се. Само идиотите го прават тоа“.
„Без разлика на тоа низ колку страдања сте поминале, никогаш нема да сакате да ги заборавите тие спомени“.
„Изгубени можности, изгубени шанси, чувства кои не можеме никогаш да ги вратиме. Тоа е дел од она што значи да се биде жив. Но во нашите глави - барем таму замислувам - постои малечка соба каде што ги складираме сите спомени. Соба како купиштата во оваа библиотека. И за да се разбере функционирањето на нашето сопствено срце, ние мораме да продолжиме да создаваме картички за референција. Мораме да ја избришеме прашината од работите повремено, да пуштиме свеж воздух, да ја промениме водата во вазните со цвеќиња. Со други зборови, вие можете да живеете вечно во вашата приватна библиотека“.
„Слушнете - нема војна која ќе им стави крај на сите војни“.
„Смртта не е спротивност на животот, туку дел од него“.
„Што и да барате, нема да дојде во формата на она што го очекувате“.
„За жал, часовникот отчукува, а часовите поминуваат. Минатото се зголемува, а иднината се намалува. Можностите опаѓаат, а каењето расте“.
„Губите многу време доколку лудите работи ги сфаќате навистина сериозно“.
„Открив дека тишината е нешто што всушност можете да го чуете“.
„Дури и да можеме да се вратиме назад, веројатно нема да завршиме онаму каде што сме започнале“.
„Животот не е како вода. Работите во животот не течат низ најкраткиот можен тек“.
„Можете да бидете и најтивки, меѓутоа, еден ден некој ќе ве пронајде“.
„Секој од нас губи нешто важно. Изгубени можности, изгубени шанси, чувства кои не можеме никогаш да ги вратиме повторно. Токму тоа е делот кој покажува што значи да се биде жив“.
„Она што го нарекуваме сегашност е дадена форма од страна на акумулацијата на минатото“.
„Спомените на луѓето се горивото што го користат за да останат живи“.
„Доколку не можете да разберете нешто без објаснување, тогаш не можете да го разберете ниту со објаснување“.
„Без разлика на тоа што посакуваат или колку далеку одат, луѓето не можат да бидат ништо друго освен тоа што се. Тоа е сè“.
„И покрај вашите напори, луѓето ќе бидат повредени кога е време тие да бидат повредени“.
„Доколку можете да сакате некого со целото ваше срце, дури и една личност, тогаш тука е спасот во животот. Дури и тогаш кога не можете да бидете заедно со таа личност“.
„Можните средби се оние што нè тераат да продолжиме понатаму“.
„Без разлика на тоа колку далеку патувате, никогаш не можете да избегате од себе“.
„Потрошете ги парите на работи кои можете да ги купите со пари. Потрошете го вашето време на работи кои не можете да ги купите со пари.
„Знаењето и способноста се алатки, не работи со кои треба да се фалите“.