Интелигенцијата не се согледува преку знаењето на многу податоци, туку интелигентните луѓе се издвојуваат со тоа што активно бараат дополнителни знаења и исполнети се со почит за себе и за другите.
Тие знаат дека успехот се базира на постапките, кои произлегуваат од мислите. Тоа е причината зошто зборовите кои себеси си ги кажуваат се многу важни.
1. Ако никој не сака да го направи тоа, тогаш јас ќе го направам
Најдобриот начин да се истакнете е да направите нешто што никој друг не сака, затоа што тоа е премногу тешко. На овој начин исто така се стекнувате со вредно знаење.
2. Тоа не беше толку лошо
Секоја загуба е можност да научите нешто ново и за надминување на пречките и тешкотиите. Проблемите се неизбежни, па затоа треба да ги решавате со леснотија.
3. Иако денес не можам се да завршам, барем ќе започнам
Плановите немаат апсолутно никаква вредност, доколку постојано ја одложувате нивната реализација. Но, ако денес направите само мал чекор напред, утре ќе ви биде полесно да продолжите.
4 Помалку зборување, повеќе работа
Луѓето кои зборуваат многу за нивните успеси, всушност се залажуваат мислејќи дека тоа ги прави поуспешни. Подобро е да се работи без премногу бучава и тогаш дозволете зборовите да говорат наместо вас.
5. Мислењата на странците не смее да ме вознемирува
Се работи за вашиот живот, па вие сами го избирате патот по кој ќе одите. Можете да ги слушате вашите блиски луѓе, но и тоа не треба да го правите премногу често.
6. Сега ќе видиш!
Понекогаш само лутината нé мотивира на работа. Можеби тоа е детинесто, но тоа е едноставно така.
7. Иако мојот пронајдок не е совршен, тоа сосема ми одговара
Перфекционизмот може да ја попречува имагинацијата и креативноста. Важно е тоа да не се случи. Извршете ја работата најдобро што можете и опуштете се.
8. Секогаш може да биде подобро
Ако сте направиле нешто добро, не престанувајте. Секогаш треба да се размислува за тоа како нешто може да биде уште подобро.
9. Не плашете се искрено да се заблагодарите
Благодарните луѓе живеат подолго. Сепак, не изговарајте само површно "благодарам", туку бидете искрено благодарни.
10. Што повеќе се обидувам, толку подобро ми оди
Често можеме да откриеме дека не сме премногу талентирани во многу области. Но, не секогаш се работи за талентот. Макотрпната работа кога-тогаш ќе резултира со успех.