Германскиот пилот Семи Крамер непосредно пред Божиќ го вивнал својот авион над Јужна Германија и исцрта огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на џи-пи-ес уред ја одредил маршрутата по која требало да лета со малиот авион од типот „дајмонд ДА-20 катана“.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал имагинарна патека во форма на 70-километарски шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
Неговиот лет траел повеќе од еден час во воздушниот простор меѓу градовите Фридрихсхафен и Улм.
- Сè уште има луѓе кои се противат на вакцинацијата, па мојата акција можеби ќе ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност - вели Крамер, додавајќи дека неговиот лет не треба да се смета за директен повик за вакцинација.
Извор:
6yka.com
Фото: Instagram