X
 29.03.2021 Здравје

СОНК бара вработени во градинки, школи и во дејноста култура да бидат на приоритетната листа за вакцинација против Ковид-19

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура - СОНК испратил писма до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за култура со кои бара вработените во градинките, образованието и во дејноста култура во екот на пандемијата од Ковид-19 да се стават на приоритетна листа за вакцинација.

- СОНК цени дека вработените во овие дејности кои се хронично болни и со висока ковид-возраст, како и оние што се со физичко присуство на своите работни места и се со постојан непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот, да бидат на оваа приоритетна листа, особено поради важноста на дејностите во кои работат. Со тоа би се намалил ризикот од заболувања, институциите би работеле непрекинато без посериозни проблеми, но исто така и би се избегнало неконтролирано вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од тоа - стои во соопштението на СОНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје