Норвешкиот физичар Андреас Вал спроведе еден доста луд и бизарен експеримент во кој себеси се изложи како мета. Имено, Вал се наоѓал на средина од базенот, а со него имал пушка од која требало да пукне куршум.
Вал пушката ја врзал со јаже, а крајот од јажето се наоѓало во неговите раце. Физичарот броел до три после што го повлекол јажето за да ја активира пушката да пукне и да го отпушти куршумот.
Подводната камера го следи движењето на куршумот кој патувал до Вал. На половина пат, куршумот започнал да забавува со што паднал на дното на базенот.
-Потешко е да се создаде движење во водата отколку во воздухот бидејќи молекулите на водата се погусти од молекулите на воздухот. За да се покажат разликите во отпорот физичарот Андреас Вал стоеше пред оружје кое беше поставено под вода и пукаше во себеси - се наведува во описот од неговото видео.
Кога куршумот патувал низ водата тој едвај поминал два метри, бидејќи молекулите во водата се 800 пати погусти од молекулите во воздухот, па токму поради тоа Вал не настрадал во текот на неговиот луд и бизарен експеримент, а на неговото лице може да се забележи олеснување бидејќи куршумот не стигнал до него.