Научниците од „Харвард“ создадоа компјутерски тестови со чија помош корисниците можат да откријат колку лошо звучат кога ќе запеат. Овие тестови се дел од глобалното тестирање што го врши новоотворената лабораторија за наука на музиката.
Тамошниот научен тим лансирал и веб-страница каде што сите заинтересирани можат да помогнат при конкретното научно истражување.
Веб-страницата во овој момент има четири квиза со кои можете да откриете колку всушност ја разбирате музиката.
Тестовите
„Дали имате слух“ е квиз во кој ќе слушнете низа звуци и потоа во минимален рок морате да одговорите дали звукот е повисок или понизок од неутралното. Повеќето звуци релативно лесно можат да се препознаат, но некои се прилично тешки.
„Кој слуша песна?“ - Во овој тест ќе мора да одредите кој ја слуша музиката: возрасен или дете.
„Игра со синтисајзер“ - Ова е донекаде посложен тест во кој прво ќе слушнете синтетизирана верзија од песната и потоа ќе се обидете да ја откриете нејзината намена и да ја споредите со оригиналот. Потоа ќе треба да одлучите колку песни се слични.