Трошоците за живот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 2, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11,9, а цените на мало за 12,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6,7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6,2 %, млекото за 5,4 %, лебот и житата за 3,7 %, кафето, чајот, какаото за 3,1 %, сирењето и урдата за 2,9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,7 %, свежото и разладеното овошје за 2,6 %, месото за 2,5 %, рибата и морските плодови за 2,3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, за 1,6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,1 %, пивото за 1 %, жестоките пијалаци за 0,5 % и виното за 0,3 %.
Извор: МИА