Некои од рекордерите сè уште се анонимни, а за некои ќе се зборува уште многу години.
Церемонијата на „Оскарите“ во 2019 година ја гледаа речиси 30 милиони луѓе, во 2020 година таа бројка падна на 22,5 милиони, а минатата година едвај надмина 10 милиони гледачи, што е најмал број на гледачи во историјата.
Затоа организаторите оваа година одлучија да поканат што повеќе познати личности на доделувањето. Освен тоа, „Оскарите“ се вратија во театарот Долби во Лос Анџелес, а церемонијата ја водеа дури три актерки.
Еве некои од најуспешните филмови и луѓе од холивудската фабрика за соништа кои влегоа во историјата на „Оскарите“.
Некои од рекордерите по бројот на златни статуетки што ги освоија сѐ уште се анонимни, а за некои ќе се зборува уште многу години.
Филм што освои најмногу „Оскари“ - 11
„Бен-Хур“, (1959)
„Титаник“ (1997)
„Господарот на прстените: Враќањето на кралот“ (2003)
Филм што добил најмногу номинации - 14
„Сѐ за Ева“ (1950) - номиниран во 14 од 16 категории, а освои 6 „Оскари“.
„Титаник“ (1997) - номиниран во 14 од 17 категории, а освои 11 „Оскари“.
„Ла ла ленд“ (2016) - номиниран во 14 од 17 категории, а освои 6 „Оскари“.
Филм со најмногу освоени „Оскари“ по број на номинации - 11
„Господарот на прстените: Враќањето на кралот“ (2003) - освои „Оскар“ во сите категории во кои беше номиниран.
Човек што има освоено најмногу „Оскари“ е Волт Дизни, а освоил дури 22 статуетки.
Жена што освоила најмногу „Оскари“ е Едит Хед за костими, а освоила 8 „Оскари“.
Актерка со најмногу освоени „Оскари“ е Кетрин Хепберн. Таа освои 4 награди, сите за главна женска улога.
Големата петорка („Оскар“ за најдобар филм, режисер, главен актер, главна актерка и сценарио) ја освоија филмовите:
„Се случи една ноќ“ (1934)
„Лет над кукавичјото гнездо“ (1975)
„Кога јагнињата ќе стивнат“ (1991)
Личност што освои најмногу „Оскари“ истата година - 4
Волт Дизни во 1954 година беше номиниран за шест, а освои четири „Оскари“ - а номинациите и освоените статуетки се рекорди.
Сценарио - 3 „Оскари“ (најдобро оригинално и адаптирано сценарио)
Вуди Ален
Чарлс Брекет
Педи Чајевски
Френсис Форд Копола
Били Вајлдер
Монтажа - 3 „Оскари“
Телма Шунмејкер - освои награда во 1980, 2004 и 2006 година.
Мајкл Кан - освои награда во 1981, 1993 и 1998 година.
Фото: Freepik