X
 06.08.2016 Култура

Спектакуларно отварање на летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро

Официјално започнаа 31 Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро. На игрите ќе учествуваат повеќе од 10.500 спортисти од 206 членки на Меѓународниот олимписки комитет.




Рио ќе биде домаќин на натпревари од 36 различни спортови. Оваа година за прв пат е воведено рагбито, додека после 112 години вратен е голфот меѓу игрите.



Натпреварите ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а како и претходните игри, исклучок е фудбалот кој ќе се игра во Сао Паоло, Бразилија, Бело Хоризонте, Салвадор и Манаус.





Пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски ќе ја претставуваат нашата земја, како и цудистката џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура