X
 16.06.2018 Култура

Пристигна трејлерот за „најстрашниот филм за 2018 година“

Компанијата „Ворнер Брос“ го објави првиот трејлер за филмот „Калуѓерка“ („The Nun“), а овој филм е опишан како најстрашниот за 2018 година.

-Кога млада калуѓерка во Романија ќе изврши самоубиство, Ватикан ќе испрати свештеник со мрачно минато и искушеник да ја истражуваат нејзината смрт. Ризикувајќи ги своите животи, тие двајца откриваат демонска сила во форма на калуѓерка, која ја плашеше публиката во „The Conjuring 2“.

Објавениот трејлер вознемири многу луѓе, судејќи по коментарите на социјалните мрежи.

-Сакам да го видам овој филм и истовремено не сакам да го видам - вели еден твитер-корисник.

-Најстрашниот филм за 2018 година - вели друг корисник.

Режисер на филмот е Корин Харди, а во кината би требало да се појави во септември оваа година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура