X
 29.03.2023 Економија

Данска го менува законот за странци за да привлече работници и студенти

Данскиот парламент одобрил повеќе промени во законот за странци за да привлече повеќе странски работници и студенти.

Промените предвидуваат минимална годишна плата од 375.000 дански круни (околу 50.000 евра) за странците. Освен тоа, компаниите со барем 10 вработени, наместо 20 како досега, ќе може да аплицираат за сертификати за донесување странски работници во Данска.

Се проширува и листата со професии со високо образование што се потребни во Данска. Полесно ќе се пуштаат и кандидати за програмата за стартапи на Данска наменета за странски претприемачи. Во рамките на оваа програма индивидуалци и тимови од најмногу три лица може да побараат дозвола за престој во Данска и да основаат бизнис таму.

Студентите во земјата, како и оние што студираат на дански јазик во странство, ќе имаат повеќе опции за да добијат дозвола за престој по дипломирањето. Згора на тоа, странските дипломци автоматски ќе добиваат дозвола за престој од три години за да најдат работа по дипломирањето.

Како и други земји во Европа, Данска се соочува со недостиг на кадар во многу индустрии. Во 2022, 42 отсто од компаниите во Данска имале проблеми со наоѓање кадар. Потребни се инженери, ИТ-специјалисти, професионалци во областа на биотехнологијата, фармацијата, финансиите, како и доктори и медицински работници.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија