Сакаме да веруваме дека секој има еднакви можности за да се збогати, меѓутоа, таквото размислување е можеби премногу оптимистично. Сепак, некои животни одлуки сигурно нема да ви помогнат да ја подобрите финансиската состојба.
Фото: Freepik
1. Фокусирани сте на штедење, но не и на заработка
Паметно е да се штеди, но треба да се размислува и за тоа како да се заработи. Богатите луѓе се фокусираат на својата заработка.
2. Не инвестирате
За најбрзо да заработите, најдобро е да вложите пари. Милионерите просечно инвестираат 20% од своите приходи во домаќинството. Богатството не се мери според тоа колку заработувате секоја година туку според заштедите и вложувањата.
3. Задоволни сте со фиксна плата
Богатите луѓе, за разлика од останатите одбираат работа која им се плаќа според постигнатите резултати и воглавно имаат сопствен бизнис.
4. Купувате работи кои не можете да си ги дозволите
Не е препорачливо да живеете над своите можности. Дури и ако добиете зголемување на платата, немојте тоа да го користите како оправдување да купие нешто.
5. Остварувате туѓи, а не свои соништа
За да бидете успешни мора да ја сакате својата работа и да ги следите своите соништа. Луѓето грешат кога ќе дозволат другите да влијаат на нивниот живот, а тоа најчесто се родителите.
6. Ретко ја напуштата пријатната зона
Би требало да надвладеете над несигурноста. Богатите пронаоѓаат задоволство во неа.
7. Немате цели
Мора да знаете што ќе правите со парите пред да го смислите финансискиот план. Многумина тоа не го прават бидејќи не знаат што сакаат.
8. Прво трошите, па остатокот го зачувувате
Кога ќе се збогатите, треба прво самите себе да се исплатите.
9. Работите многу, а не паметно
Учиме што повеќе да се трудиме, но тоа е само половина од приказната. Ако само работите, никогаш нема да се
збогатите.