Најозогласените измамници имаат неколку заеднички работи: повеќето доаѓаат од сиромашни средини, генијалци се и немилосрдни во нивните измами.
Ова се некои од најсуровите измамници, заедно со приказните поади нивните шеми.
Чарлс Понзи
Понзи бил познатиот криминалец кој успеал да ги измами инвеститорите и да им земе 7 милиони долари во 1900 со пренесување на пари од нови инвеститори до постоечките. Тој ја добил идејата кога добил писмо од шпанска компанија во кое имало меѓународен купон. Примачот можел да го откупи овој купон за поштенски марки oд земјата на испраќачот. Но, шемата пропаднала и инвеститорите изгубиле 20 милиони долари. Понзи бил фатен и добил казна од 5 години затвор.
Казутсуги Нами
Претседателот на компанијата „L&G“ бил одговорен за најголемата измама во историјата на Јапонија. 37.000 луѓе биле ограбени во 2000 година и им биле земени приближно 1.4 милијарди долари. Нами создадал и своја дигитална валута која ја нарекол „Ентен“, а сомнежите започнале кога во 2007 година започнал да им плаќа дивиденди на инвеститорите со валутата „Ентен“. Кога бил уапсен во 2009 година на прашањето дали му е жал, тој изјавил: „Зошто да се извинам? Јас сум најсиромашната жртва. Никој не изгуби повеќе од мене“. Билосуден на 18 години затвор.
Френк Абегнел
Измамите на Френк беа инспирација за филмот „Catch me if you can“. Во период од 5 години тој 8 пати го променил идентитетот, фалсификувајќи чекови на износ од приближно 2.5 милиони долари во 26 земји. Со овие пари тој живеел луксузен живот. Имал убави девојки, се облекувал во скапа облека и ги подготвувал следните измами. Исто така, лажно се претставувал како пилот од авиокомпанијата „Pem Am Airlines“ со што летал бесплатно насекаде. На 21 година бил уапсен во Франција. Поминал 5 години во француските, шведските и американските затвори за на крај да ѝ помогне на американската влада - денес работи за ФБИ повеќе од 35 години.
Виктор Лустиг
Виктор се смета за еден од најголемите измамници во историјата. Неговата прва измама била продажбата на нефункционална машина за печатење за 30.000 долари. Но, неговата најголема измама била продажбата на Ајфеловата кула. Во 1925 година тој во весник прочитал дека градските власти имаат финансиски проблеми со кулата. Така, тој го фалсификувал идентитетот на владин претставник и договорил состанок со шест дилери на старо железо, велејќи им дека властите сакаат да ја продадат кулата за старо железо. Еден од нив наседнал и ја купил, а Лустиг избегал. Лустиг успеал да го измами и Ал Капоне, убедувајќи го да инвестира 40.000 долари во акции кои не постоеле. После 2 месеци му ги вратил, а Капоне го наградил со 5.000 долари. Во 1930 година бил пријавен од неговата девојка, но успеал да избега. Подоцна бил фатен и осуден на 20 години затвор во Алкатраз.
Бернард Медоф
Бернард започнал сопствена компанија за инвестиции во 1060 година со 5.000 долари кои ги заработил од неговата работа како спасител на плажа и работење со инсталација на прскалки, и уште 50.000 долари од неговите баба и дедо. 50 години подоцна во 2009 година, Медоф успеал да ги измами инвеститорите и од нив да извлече 56 милијарди фунти. Тој работел со мал елитен круг и создал финансиска пирамида со која ги мамел неговите клиенти. Со пристигнувањето на финансиската криза во 2008 година, Медоф морал да признае - тој им признал на неговите синови и тие го пријавиле во ФБИ. Во 2009 година бил осуден на 150 години затвор.
Чарлс Китинг
Чарлс Китинг Џуниор бил пилот во Втората светска војна, шампион во пливање и доста побожен. Тој исто така бил и успешен инвеститор во имоти и успеал да измами 23.000 инвеститори и да им украде 250 милиони долари. Во 1984 година Китинг ја купил компанијата „Lincoln Savings and Loans“. Прописите во оваа индустрија биле опуштени на почетокот на 80-тите такашто бизнисот можел да презема повеќе ризици со парите на депонентите. Китинг го искористил ова и ги инвестирал парите на штедачите во високо ризични вложувања, без штедачите да знаат дека нивните пари се во опасност. Бизнисот не му успеал во 1989 година. Илјадници инвеститори биле оставени со безвредни обврзници. Тој бил осуден за измама и лежжел 4 и пол години во затвор. Починал во 2014 година на 90 годишна возраст.
Артур Виргилио Алвес Риес
Португалскиот измамник Артур бил одговорен за најголем број фалсификати од страна на било која влада до денес. Неговите измами познати како „португалска банкнотна криза“ била толку значајна што голем број луѓе веруваат дека придонела за падот на Португалската Република во 1926 година. Реис издржувал казна затвор за фалсификување на чекови и трговија со оружје кога ја измислил шемата. Претставувајќи се како претставник од банка во Португалија, вооружен со фалсификуван договор, Реис убедил компанија во Лондон да му испечатат негови банкноти. Тој им рекол дека станува збор за таен проект за финансиска помо шна Ангола, тогашна португалска колонија. Со тоа, Реис отворил сопствена банка за да ги пере средствата. Но, сето тоа се распаднало во 1925 година кога 28 годишниот Реис бил уапсен. Тој се обидел да фалсификува документи за да ја намести Банката на Португалија дека била вклучена во измамата. Бил ослободен во 1935 година и починал во сиромаштија во 1945 година.