X
 05.10.2016 Живот

Како да го помогнете развојот на интелигенцијата кај децата?

Науката се уште не успеала да даде одговор на прашањето дали интелигенцијата е вродена или стекната особина. Секако дека поголемиот IQ е предност, но без труд и напорна работа интелигенцијата останува само потенцијал.


Како можеме да помогнеме во развојот на интелигенцијата кај децата? Што родителите и учителите можат да направат за да помогнат во стимулирањето на интелектуалните потенцијали кај дечињата?

Следните предлози се однесуваат и на малите деца, но и на тинејџерите.

 


1. Музичко образование

 


Кратко и јасно : испитувањата покажуваат дека со посетата на музичка настава децата се попаметни. Според истражувањата спроведени на деца кои се бавеле со музика и оние ки не се бавеле, резултатите покажале дека дечињата кои посетувале музички училишта се далеку понапредни во коефициентот на интелигенција за разлика од останатите. Иако се работи за релативно мала разлика, сепак напредокот во интелигенцијата е воочлив.

 

 

 

 


 


Бавењето со музика, вусшност им помага на учениците да бележат подобри резултати и на другите предмети.

 


2. Сила и интелигенција

 


Постои стереотип според кој се верува дека физичката сила и ниската интелигенција одат рака за рака, односно спортските типови поминуваат повеќе време надвор отколку во библиотека. Сепак, вреди да се размисли дека на детето може да му го пружите и едното и другото. Добрата физичка кондиција ја забрзува способноста за учење. По физичката активност, брзината на усвојување на нови зборови во вокабуларот се зголемува за 20 проценти.

 


Овие заклучоци се добиени по спроведено истражување во 2007 година, реализирано во Германија, според кое се тврди дека постои директна корелација помеѓу ефикасноста на учењето и нивото на неуротрофниот мозочен фактор, кој е задолжен за раст и развој на синапсите во мозокот.

 


Тримесечниот режим на вежбање довел до триесетпроцентно зголемување на дотокот на крв во делот на мозкот во кој е сместен центарот за помнење и учење, според истражувањата.

 


3. Немојте да им читате на своите деца, читајте заедно со нив

 


Не дозволувајте улогата на детето да биде пасивна и додека вие читате тоа да гледа само во сликите. Свртете го неговото внимание на зборовите – читајте заедно со него. На овој начин го забрзувате развојот на способностите за читање на вашето дете. Исто така се развиваат вештини и стратегии кај детето за усовршување на способноста за читање, уште во раната возраст.

 

 

 

 


 


4. Недостатокот на сон ја намалува интелигенцијата на детето

 


Секој скратен час од сонот ја намалува интелектуалната способност на ученикот од шесто одделение. Утврдено е дека губитокот на еден час е еднаков на губитокот на две години од когнитивено созревање и развој, а постои и корелација помеѓу оцените и просечната количина на сон.

 


Сите ученици кои имале доволен сон, добивале највисоки оценки, па дури и да спиеле само 15 минути повеќе од останатите.

 


5. Без самодисциплина, коефициентот на интелигенција не вреди сам по себе

 


Самодисциплината е поважна од самиот коефициент на интелигенција. Постојат десетици студии кои покажуваат дека волјата се издвојува како најважна навика која обезбедува успех на поединецот. Учениците кои што покажале повисоко ниво на волја добивале повисоки оценки и се запишувале во престижни школи. Кај овие ученици забележан е помал процент на изостанување на настава, додека исто така, поминувале и помалку време пред телевизор, а повеќе во извршувањето на домашните задачи.

 


Заклучокот е дека до добри оценки се доаѓа и со напорна работа, волја и труд, а не само со вродена интелигенција. Ако се прашаме кој има најголеми шанси да успее во живот – тоа се децата кои учат што е истрајност.

 


6. Учењето е активен процес

 


Некои онлајн вежби и игри со кои наводно се вежба мозокот, не се всушност делотворни. Напротив, многумина веруваат дека со нив децата „затупуваат“.

 


Со тоа не се произведува никаков позитивен учинок кај корисниците, особено кај малите деца од 17 до 24 месеци. Што значи дека вистинското учење не е пасивно, туку активно. Не е доволно само да се чита, туку е потребна и пракса. Еволуцијата на мозокот е основана на нашата способност да учиме преку вршење на одредени активности, а не само да слушаме како работите треба да се извршуваат.

 


7. Наградата може да помогне, доколку се даде во вистинскиот момент

 


Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана е поврзан со оцените кои детето ги добива на училиште.

 


Општо е познато дека на денот на тестот многу е важно да се појадува. Најдобра е храната која е богата со јаглени хидрати и растителни влакна, која бавно се враи, како на пример овесните снегулки. Важна е и храната која се внесува една седмица претходно, бидејќи брзината и вниманието на студентите кои применуваат вакви здрави навики во исхраната биле далеку поголеми од останатите.

 


Секако дека постојат и исклучоци. Секое дете не е научено на здрава храна, но може да регистрира позитивни резултати. Она што е важно и фактот да не се конзумира лоша храна во погрешен момент. Односно, кофеинот и шеќерот на пример можат да влијаат на концентрацијата. Значи, храната како награда би било пожелно да се даде токму пред реализирање на одредени тестови за да дојде до зголемување на концентрацијата.  Што значи, кога учат децата може да добиваат чоколади и газирани пијалоци, отколку кога се одмараат.

 




8. Задоволно дете – успешно дете

 



Задоволните деца имаат повеќе шанси да се развијат во успешни, реализирани поединци.

 

 

 

 


 


Задоволството е огромна предност во светот во кој се е преодредено на неуспех. Во просек, поединците се исто така поуспешни од оние кои не се задоволни во работата и љубовта. Задоволните поединци добиваат подобри оцени за тоа што го сработуваат, подобри работни места и поголема плата. Што значи, обидувајте се да бидете пример на задоволен родител за вашето дете.

 


9. Влијание на генерациите

 



Генетската предиспозиција на родителите имаат огромно влијание на формирањето на детето. Према поголемиот број на испитувања, влијанието од воспитувањето и не е толку големо.

 


Кога се во прашање особините како што е интелектуалната способност и одредените аспекти на профилот на личноста, биолошките деца се во голема мера слични со своите родители. А посвоените, речиси и да немаат ништо заедничко со нивните старатели, и покрај тоа што толку години ги воспитувале, хранеле и одгледувале.

 


Она што е важно е групата на врсници со кои детето расте. Нивното влијание и тоа како се пренесува на детето, така што доколку вашето дете расте во здрава средина и е опкружено со дечиња кои имаат стекнато здрави навики и кај него ќе се забележи такво однесување.

 


10. Верувајте во своето дете

 


Доколку верувате дека вашето дете е попаметно од просечно дете, тоа за него ќе биде како еден вид на поддршка.

Пофалбата и поддршката се клучни во формирањето на самодоверба кај поединецот, а со тоа во иднина ќе постигнува подобри резултати.

 


Не е се во интелигенцијата. Без морал и сочувство, луѓето кои се навистина паметни, можат да изгледаат и застрашувачки.
Како што вели Патрик Џејк Орурк : Вистина е дека не се случува често интелигентните луѓе да предизвикуваат тепачки во кафеана, но исто така е вистина и дека глупавите луѓе не прават хидрогенски бомби. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот