X
 29.04.2026 Живот

Проф. д-р Биљана Ангелова е реизбрана за ректорка на УКИМ

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Нејзиниот мандат ќе трае 3 години, почнувајќи од 16 септември 2026 заклучно со 15 септември 2029 година.

Квалитетот на студирањето не се мери само преку квалитетот на студиските програми, туку и преку условите и искуството што ги нуди Универзитетот - инфраструктура, советодавна поддршка, културни и спортски содржини, како и чувството на припадност кон заедницата. Целта ни е Универзитетот да се зајакне како заедница на благосостојба и доверба – место каде што се студира, работи и живее во поттикнувачка, безбедна и поддржувачка средина, вели Биљана Ангелова.

Кој ќе биде новиот ректор на УКИМ - Биљана Ангелова или Дарко Данев?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот