Склони сме кон тоа да веруваме дека насекаде низ светот младите побрзо се осамостојуваат отколку кај нас.
Новото истражување опфати голем број земји од Европа и покажа дека ситуацијата кај нас е прилично алармантна.
Фото: Eurostat
Мажите во Македонија се најприврзани за домот во споредба со мажите од другите делови на Европа и просечно го напуштаат домот на 35,2 години. Кога станува збор за просечната возраст и кај мажите и кај жените, тоа е 31,5 година.
Црногорците, пак, просечно (и кај мажите и кај жените) се нација што најдоцна го напушта домот - на 32,5 години.
Забележан е и тренд во кој младите во јужните земји на Европа остануваат подолго време кај родителите, па Хрватска, Италија, Грција и Шпанија се на врвот на листата.
Фото: Eurostat
На дното е северниот дел на континентот - нациите што најмлади ги напуштаат
домовите се Швеѓаните и Данците.