X
 05.12.2017 Живот

Кои особини треба да ги поседува воспитувачот?

Вработените родители треба да изберат кој ќе се грижи за нивните деца додека се на работа. Без разлика дали ќе се одлучат за дадилка или за градинка, некои други ќе се најдат во улогата на воспитувач. Кои особини треба да ги поседува еден воспитувач?

фото извор: Odyssey             

1. Воспитувачката работа е повик

Постои голема разлика помеѓу работа и повик. Повик е она за кое чувствувате дека сте повикани да го работите и ништо друго не би ве исполнувало на тој начин. Додека, пак, работа е она што го работите за да заработите. Се разбира дека живееме од пари, но потребно е и да го сакате она што го правите, а токму тоа е есенцијално кога се работи за воспитувачите. На воспитувачите родителите им го препуштаат она што им е најважно во животот.

2. Предаденост и моралност

Воспитувачите треба да им се посветени на децата, внимателно да следат што се случува со нив и да преземаат чекори кои се во најдобар интерес на децата. Бидејќи родителите некогаш не сакаат да слушаат кога детето има некој проблем или мана, воспитувачот мора да дејствува директно и морално.

3. Трпение и постојаност

За децата добро да напредуваат, воспитувачот мора да има многу трпение. Потребно е да обрне внимание за детето да стекне добри навики и знаења кои му се неопходни. Тоа не значи дека треба да биде екстремно строг или да ги игнорира децата за да постигне резултат. Потребно е да се има добра и спонтана комуникација и да се покаже разбирање кон нивните гледишта.

4. Почит

Успешниот воспитувач треба да ги почитува децата со кои работи, како и нивните родители, а и себеси. Се разбира дека може да погреши, но важно е почитта да се забележува при комуникацијата. Грешките да се признаат и да се работи на постојано подобрување.

5. Приспособување

Многу важна особина. Детето расте и се развива, па се менуваат и неговите потреби. Треба внимателно да се следи неговиот напредок, па да се приспособи на неговите потреби, во согласност со возраста.

6. Автентичност и креативност

Децата се многу остри судии, па брзо проценуваат кој е кој. Затоа е важно воспитувачите да бидат автентични, бидејќи децата брзо забележуваат кој е свесна личност, а кој е манипулира со другите. Само автентичната личност може да биде креативна.

Воспитувачите постојано нешто учат од децата, а децата учат од нив. Оваа работа е тешка, но носи и големо задоволство. Децата многу лесно се врзуваат со возрасните со кои поминуваат повеќе време и страдаат кога од нив се разделуваат. Затоа, кога родителите бараат воспитувач, односно дадилка, треба добро да знаат кое лице ќе го одберат за да се грижи за нивното дете.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот