X
 04.01.2016 Образование

Честите тестирања ја уништуваат самодовербата, а тоа е полошо од лоша оценка

Годи Келер е норвешки педагог кој некогаш работел со деца, а денес со возрасни.  Тој бил професор со години на универзитетот „Рудолф Штајнер“ во Осло, а сега патува низ повеќе земји за да ги советува наставниците и родителите како од децата да го добијат најдоброто, како да им помогнат со развивањето на нивниот потенцијал итн. Според него, најголема причина за неуспехот на училиште, особено во Европа, е недостатокот на самодоверба, односно верба во сопствените способности.

За време на неговиот престој во Хрватска, Келер посоветувал да се работи повеќе на мотивацијата. Имено, денешните училишта не знаат како да ги мотивираат децата, според него. Наместо тоа, тие ги плашат и им порачуваат дека не се доволно добри. Родителите со кои работи Келер се многу слични, без разлика во која држава живеат.


„Поголема е разликата меѓу тие луѓе и нивните стари родители отколку меѓу денешните родители. Во оваа ера на глобализација секаде гледам сличен тип индивидуализам. Западниот начин на размислување зема замав“, вели тој.

Во поглед на образованието, ова значи дека образовниот состав е генерален и речиси секаде вклучува подготовка на децата за следниот испит, но не и за животот. Се става преголем притисок на децата за да имаат добри оцени и да бидат успешни, но да се подготви детето за живот не значи од него да се бара да биде исклучително добро во сите предмети и сè што се бара од него на училиште.

Броевите го убиваат духот

Келер посочува дека доколку детето не покажува добар успех на тестовите, секој нов тест за детето претставува само стрес, а пораката која ја слуша на крај е дека не е доволно паметно и добро.

„Детето кое е често тестирано, а не постигнува добри резултати, ја губи самодовербара“, вели Келер.

Тоа е многу поголем проблем од лошите оцени, според него. Во училиштата нема индивидуален пристап, поединците кои не се вклопуваат во составот се третираат речиси како пречка.

Најлошо е кога детето кое е критикувано на училиште го чека истото кога ќе се врати дома. Децата кои на училиште не биле добри ученици, но станале успешни и задоволни се деца кои имале родители кои им давале поддршка, според Келер.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование