X
 29.05.2018 Живот

Совети како да станете попозитивна личност

Помеѓу политиката, работата и стресот во животот, понекогаш е тешко да се остане позитивен. За среќа, корисниците на „Редит“ споделуваат различни техники што придонесуваат за позитивноста во животот. Ова се најдобрите:

1. Пишувајте дневник во кој ќе ги забележувате среќните работи што ви се случиле тој ден.

Во дневникот запишете ги трите најпозитивни работи и една најнегативна работа што ви се случила тој ден на крајот од секој ден. На крајот од неделата, прегледајте ги и направете топ 3/1 листа. Повторете го ова на крајот од месецот. Правете го тоа секој месец, а потоа споредете ги месеците на крајот од годината.

Две работи ќе се случат:

1. Ќе почнете да ги гледате позитивните работи за да имате што да пишувате на крајот од денот. Ова е суштината на среќата.

2. Разгледувањето на вашите среќни спомени е забавно, но разгледувањето на вашите негативни моменти секоја недела ќе ви покаже колку тривијални повеќето од нив биле, и дека дури и големите трагедии не болат толку со текот на времето.

2. Давајте им комплименти на луѓето

Можеби не на секоја личност секој ден, но помага ако им кажете нешто убаво на луѓето.

3. Вежбајте


Сите бесмислици на животот ќе бидат полесни за справување кога редовно вежбате.

4. Не обрнувајте внимание на малите работи


Многу е полесно да ги оставите малите работи. 99 отсто од времето полесно е ако не кажете ништо. Вклучувањето во негативност е лошо за сите вклучени.

5. Секој ден, давајте си себеси подарок

Секој ден, давајте си подарок. Не планирајте. Не чекајте. Едноставно, оставете да се случи.

6. Практикувајте благодарност, научено, постигнато, восхит

Ова е брза техника со која ќе воведете малку повеќе позитивност во вашиот живот. Размислете на работите што ве натерале да чувствувате благодарност, работите што ве натерале нешто да научите, нешто да постигнете и на нешто да се восхитувате.

7. Бидете присутни

Ова е најдобриот начин да го почувствувате животот.

8. Однесувајте се кон себеси пољубезно

Ова е неверојатно тешко, но ако го практикувате често, постои надеж дека ќе се подобри. Фразата: -Не можеш да сакаш некој друг ако прво не се сакаш себеси - не е точна. Вие сте способни за љубов дури и тогаш кога не се сакате себеси, но многу е поздраво кога се сакате себеси.

9. Користете ја фразата: -Тоа е во ред

Користете ја фразата: -Тоа е во ред. Ќе ви го промени животот. Нешто ви се случува? Во ред е. Ќе се справите со него. Нешто е погрешно Тоа е во ред. Сте се справиле и со полошо и сте преживеале.

10. Ослободете се од социјалните медиуми

Така ќе живеете вистински живот, без лаги и маски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот