X
 09.07.2015 Живот

Оптимистите имаат една заедничка карактеристика

Неодамнешното истражување покажува дека повеќето луѓе кои доцнат скоро целиот нивни живот, ќе доцнат и понатаму; и во подоцнежните години од животот ќе доцнат за време на било која активност - без разлика дали е добра или лоша.

 

оптимист


Изненадувачки е тоа што мал број на истражувања се направени во врска со доцнењето, меѓутоа експертите ја откриваат теоријата дека некои луѓе се родени да доцнат, а делот од проблемот е вграден длабоко во нивниот мозок.

Доколку хронично доцните, веројатно многу пати сте добиле илјадници критики иако воопшто не сте мрзеливи или пак непродуктивни или невнимателни. Сигурно и не сакате да навредите некој. Вашето доцнење е последица на вашата психологија и вашата личност.

Луѓето кои постојано доцнат всушност се поголеми оптимисти. Тие веруваат дека можат да направат повеќе задачи во ограничен износ од времето повеќе од другите луѓе, и да напредуваат кога извршуваат мултитаскинг. Едноставно кажано, тие фундаментално се надеваат.

Иако ова го прават нереално и со лоша проценка за времето, сепак се исплаќа долгорочно.

Истражувачите открија дека оптимизмот има огромен број бенефиции за физичкото здравје, од намалување на стресот и намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести до зајакнување на имунолошкиот систем. Всушност, среќата и позитивноста се поврзани со подолг живот.

Одржувањето на позитивен резултат исто така е од витално значење за постигнување на личен успех. Истражувањата покажуваат дека среќата ја зголемува вкупната продуктивност, креативност и тимска работа на работното место.

Со други зборови, луѓето кои редовно доцнат не се грижат за малите нешта - тие се сконцентрирани на поголемата слика и гледаат иднина полна со огромен број можности.

Важно е да се каже дека точноста е релативен поим. Времето и задоцнувањето се различни нешта во различни култури и контексти. Така на пример, во Америка доцнењето се толкува како навреда или знак на лоша работна етика. Во Германија, земјата на вечната ефикасност, точноста е од огромна важност.

Кога рускиот претседател Путин доцнел на состанок со германската канцеларка Ангела Меркел, таа си заминала, затоа што така прават во Германија.

Но, ако одите во Шпанија, ќе сфатите дека времето добива сосема нова форма. Шпанците прават како им одговара, па доцнењето и не е голема работа кај нив. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот