X
 29.05.2020 Живот

Ова се земјите што ќе ви платат за да ги посетите по пандемијата

Земјите погодени од кризата со коронавирус сакаат да им платат на туристите за да ги посетат откако ќе заврши пандемијата, со цел да се зајакне нивната економија.

Многу популарни места воопшто не беа посетени откако летовите беа забранети и границите затворени.

Но, како што кризата со коронавирусот поминува, доаѓа време кога се отвораат границите и се дозволуваат патувања. Некои земји се очајни за туристи со цел да го зајакнат туристичкиот сектор. Ова се некои од земјите што се подготвени да ви платат за да ги посетите.

1. Сицилија

Италијанскиот остров нуди да ви плати половина од цената на летовите и да ви понуди бесплатна ноќ за сместување доколку сакате да го посетите.

1
Фото:  Pixabay

Пандемијата тешко ја погоди Италија, а туристичката индустрија беше лошо погодена бидејќи туристите не сакаат да ја посетат. Но, земјата повторно се отвора, а ќе бидат понудени и бесплатни влезови во некои од музеите и археолошките знаменитости.

Ваучерите ќе бидат достапни на официјалната веб-страница, „Visit Sicily“.

2. Јапонија

Туристите во Јапонија наскоро би можеле да уживаат во храна и пијалаци бесплатно.

Откако она што владата го очекуваше (2020 година да биде година да со рекордна посетеност), сега е очајна да ја рестартира јапонската индустрија.

Планот вреден 50 милиони евра за субвенции за патниците може да почне уште во јули, доколку стапката на заразени продолжи да опаѓа. Како што велат од Јапонската туристичка агенција, нивната цел е да ја стимулираат домашната побарувачка за патувања во Јапонија и да покријат дел од домашните патни трошоци.

Ски-центар во Нагано, домаќин на Зимските олимписки игри во 1998 година, објави шема на својата фејсбук-страница.

- Сликата за меѓународни патувања сè уште е нејасна, но многу земји низ светот почнуваат да се отвораат и сакаат да ја вратат економијата. Јапонската економија стана многу зависна од туризмот како индустрија. Како и многу држави, и таа доживеа пад на бројките. За да се спротивставиме на ова, владата објави дека подготвува шема. Може да покрие половина од трошоците за патување во Јапонија. Деталите сè уште се финализираат, но со Олимпијадата во Токио во 2021 година планирани за наредното лето, официјалните лица сакаат што поскоро да почнат со планот - пишуваат од ски-центарот.

3. Мексико

meksiko
Фото: Pixabay

Според Здружението на хотели во Канкун, нова мерка што би можела да се воведе е понудата „Дојди во Канкун 2 х 1“, што ќе нуди бесплатна вечер во хотел ако платите за двајца.

Другите понуди може да содржат покривање на трошоците за авионскиот билет доколку патувате со одредена компанија.

4. Бугарија

Како и многу други земји, и туристичките жаришта на Бугарија нудат одлични можности - на посетителите ќе им бидат понудени бесплатни лежалки и маси.

5. Кипар


За разлика од другите понуди, ова е нешто што посетителите не би посакале да го искористат. Но, ако се случи, ќе ѝ бидете благодарни на кипарската влада што добро се грижи за вас и вашето семејство или пријатели.

На аеродромот во Кипар, ќе се тестираат случајни туристи. Ако некој е позитивен на вирусот, лицето ќе добие бесплатна грижа, а нивните пријатели и семејства ќе добијат бесплатно сместување, храна и пијалоци, чии трошоци ќе ги покрие Владата на Кипар.


Извор: Mirror
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот